Како Роналд Реган ја разоткри несреќата во Чернобил додека Советите се обидуваа да ја заташкаат

чернобил

После нуклеарната несреќа во Чернобил во април 1986 година, Советите прво се обидоа да го заташкаат случајот и размерот на несреќата. Но, кога САД дознаа за каква несреќа станува збор, ја присилија советската Влада да направи промени.

Тогашниот претседател на САД, Роналд Реган, го нападна СССР за таинственоста за случајот кој има интернационални последици. Тој го повика генералниот секретар на СССР, Михаил Горбачов, да ја запознае светската јавност со несреќата и да ја продолжи неговата политика „Гласност“, што значеше поголема отвореност кон Западот. Реган тогаш понуди и помош и логистика во справување со нуклеарната несреќа.

Реган за несреќата во Чернобил на светот му се обрати од економски самит во Јапонија.

– Контрастот помеѓу лидерите на слободните држави, кои се состанаа на самитот за отворено справување со заедничките проблеми и советската Влада која со својата тајност и тврдоглавост одбива да ја информира меѓународната заедница за заедничката опасност од оваа катастрофа – рече тогаш Реган.

Експлозијата во нуклеарната централа во Чернобил, Украина, создаде радиоактивен облак кој се почувствува дури и во Велика Британија.

Сепак, Советите информираа за несреќата дури откако изворот на радиоактивноста беше пронајден во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот