Како природно да ги обоите велигденските јајца: Со цвекло розеви, со црвена зелка сини…

За поголема шареноликост на вашата велигденска трпеза, можете да се обидете да обоите дел од јајцата со природни бои.

Често луѓето се сомневаат во квалитетот на купечките бои за јајца, а и природните намирници со сигурност не се токсични и дури и да навлезат преку лушпата, нема да го променат вкусот на јајцата.

Во бојадисувањето со природни бои е најважно јајцата да се остават што подолго, па макар и преку ноќ во подготвената боја. Најдобро е да ги оставите заедно со намирниците кои ја пуштаат бојата.

Сварете ги јајцата и во текот на варењето додадете малку оцет, за лушпата да може полесно да го прими пигментот. Не очекувајте да добиете интензивни бои, напротив, ќе добиете светли јајца кои изгледаат природно.

За сини нијанси користете црвена зелка.

Со лушпи од кромид ќе добиете темни жолти и портокалови нијанси.

Куркумата и карито даваат златна нијанса.

Со помош на камилица белите јајца ќе станат светло жолти, а со цвекло розови.

Боровинките користете ги за светло сина или виолетова нијанса, кафето за земјено кафеава и спанаќ и коприва за светло зелена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот