Како модата ќе ни помогне повторно да се чувстуваме добро во 2022 година?

модни трендови 2022
Фото: Профимедиа

Изминативе 2020 и 2021-ва година во модата се потполно дефинирани од колективното општествено искуство, а пандемијата и понатаму продолжува да има дефинирачко влијание врз нашиот стил. Сепак, додека сме загледани со надеж на хоризонтот за 2022, влегуваме во нова фаза.

Удобноста е клучна за модната рехабилитација во 2022 година. Модни трендови 2022 – како дизајнерите ќе ни помогнат сите повторно да се чувствуваме добро?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pardov (@_pardov_)

Модните експерти предвидуваат дека нашите навики за облекување оваа година која започна ќе бидат диктирани од горчливо-слатките емоции што лебдеат во воздухот.  Во исто време и ќе гледаме наназад и ќе гледаме напред. За 2022 година чувствуваме носталгија за враќање на добрите стари времиња пред нас.

Ова беа години на  предизвик и во однос на ставовите, ќе сакаме да бараме утеха, исцелување и реставрација. Сакаме повторно да се чувствуваме добро.

Како точно ќе изгледа тоа? Ова се трендовите за 2022 година што треба да ги знаете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ladiesbook.gr (@ladiesbook.gr)

Тактилен текстил

Потребата да се кожурираме себеси низ тешките времиња ќе се претстави во текстури инспирирани од природата. Од меки ткаенини што нè доближуваат до необработените влакна до површини со шари што ги рефлектираат оние што се наоѓаат во природниот свет, ќе бараме утеха во чувството на нашата облека.

Ќе видиме текстура во форма на вафли и пешкири, работи што треба да нè обвиткуваат и утешат.

Експертите за трендови на „Première Vision“, еден од најголемите настани за набавка на текстил во модната индустрија, го истакнаа ова како еден од нивните најголеми трендови за есен/зима 22 во спортска облека, ватирани јакни и пуфер палта.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Outfit inspo (@hello_outfitinspo)

Обои ме среќно

На другиот крај на спектарот, ќе ја славиме новооткриената слобода со болдирани бои низ целиот дијапазон.

22/23 е шарена сезона. Сè уште ќе носиме жолто бидејќи бараме среќа и удобност од брендовите и зимските цветови во портокалови нијанси. Лесно и забавно е да се игра со смели бои кои се судираат. Може да се размислува  на лимета и сива боја  изведено во монохроматски изглед.

Луѓето сакаат да се дотеруваат и да бидат поиндивидуални па така ќе гледаме повеќе бои и живост и повеќе монохроматско облекување.

Око за детали

Многумина од нас сè уште не се подготвени да се откажат од нашите салонки и минималистичкиот шик, но ќе се обидеме да инвестираме во поквалитетни верзии на тие парчиња.

Ќе видиме повеќе метални детали, контрастни основи, софистицирано брендирање. Тоа ќе бидат основни парчиња, но во полуксузни, попрефинети ткаенини. Формите нема да се променат многу, но тие мали детали ќе бидат она што ќе додава вредност на производот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 7 Sinne (@7sinne_conceptstore)

Аскетик

Одржливоста е клучна за многу умови, така што ќе бараме долговечност и квалитет наместо квантитет. Дизајнот ќе биде повеќе вреднуван.

Повеќе фокус ќе има на премиум брендови кои се занимаваат со едноставен стил, добра изработка, или етикети фокусирани на одржливоста со главни елементи за гардероба дизајнирана да трае.

Во склад со природата

Модните брендови и купувачите кои сакаат да носат повеќе еколошки одлуки продолжуваат да растат и тоа ќе влијае на материјалите што ги купуваме. Се повеќе се истражува нова иднина и напредно размислување со одржливи ткаенини и паметни текстили кои предничат. Замислете ја чантата од кожа од печурки или Пињатекс (материјал налик на кожа направен од влакна од листови од ананас) и вегански тренерки како нормален дел од вашата секојдневна гардероба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by maria ruiz (@mariaruiz_fashion)

Оние од нас на кои не им се допаѓа трендот на болдирани бои, спротивниот крај на спектарот ќе биде исто така модерен благодарение на употребата на природни бои.

Ќе користиме поприродни, одржливи процеси на боење бидејќи традиционалните бои можат да бидат штетни во однос на употребата на вода и хемикалии. Така боите ќе бидат помеки.

Природните бои имаат тенденција да произведуваат помалку интензивни бои, а земјените зелени, кафени и жолти се почести. Овие бои исто така имаат смирувачки ефект врз нас, совршено затоа што бараме удобност во нашите животи.

Жените сè уште ќе сакаат да бидат женствени. Така, додека ги отфрламе нашите предимензионирани тренерки, ќе се навратиме на брендовите кои во основата имаат елеганција и женственост.

Ќе го прифатиме и сексапилот. Пролетта носи инспирација од ерата на британската регенција –  од корсети до проѕирни ткаенини и микро-мини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот