Како мажите го доживуваат женското тело

Напразно се грижиме за целулитот, брчките на лицето, вишокот килограми или нешто што го сметаме за мана на нашето тело, мажите гледаат сосема поинаку.

Убавиците како Кира Најтли или Џесика Алба ќе предизвикаат воздишки кај мажите, но во вистинскиот живот тие не се толку поврзани со идеалот на женската убавина.

За „е-Хармони“, мажите се изјасниле што им е важно на женското тело и зошто не бараат совршено лице од насловните страници за да почувствуваат привлечност кај една жена.

Тело

Според резултатите од анкетата, мажите сакаат жена која има фигура и чии облини можат убаво да ја пополнат облеката и во неа да изгледаат женствено. Додека некои жени се природно слаби, на други генетиката не им била толку наклонета па затоа мораат секогаш повеќе да се трудат. Затоа на некои дами им е речиси невозможно да ги достигнат денешните трендови.

Сепак, жените се во заблуда по прашање на пропорциите, кога се во прашање мажите. Тие сакаат жената да не биде слаба како стапче. Не им е важен конфекцискиот број туку облините и фигурата. Секако дека немаат ништо против убаво обликуваното тело и ќе ја поддржат партнерката која редовно вежба.

Понатаму, мажите се изјасниле дека се заштитници по природа и дека не сакаат девојката да може да крене товар поголем отколку што тие можат. Жената во форма смее да има и килограми повеќе, а ни целулитот не ги загрижува премногу.

Брчки на лицето

Анкетата покажува дека на мажите брчките на женското лице воопшто не им пречат. Иако самите жени често се грижат за брчкте, тие се речиси незабележливи за мажите и не ја нарушуваат женската убавина. Од брчките на лицето поважно им е жената да е негувана и да има харизма.

Коса

А еве го одговорот зошто често не забележуваат дека партнерката била на фризер. Одговорите биле дека не се способни да ги забележат таквите работи, особено ако сте ја смениле бојата на косата за една нијанса или малку сте ја потсрижале. Исто така, додаваат, дека приказната за долга коса се променила со текот на годините и дека не е вистина дека сите сонуваат за жена со таква коса.

Облека и стил 

Ако точно знаете кој тип на облека ви „стои“, дефинитивно сте во предност. Мажите се изјасниле дека не размислуваат за стиловите или за високата мода и трендовите, туку ја гледаат појавата на жената и складно одбраната облека која жената знае да ја носи.

Мани и сексапил

Маните кои жената ги гледа на самата себе, мажите во најдобар дел воопшто не ги забележуваат. Дури и некои карактеристики за кои жената се грижи, тие сметаат дека се симпатични. Најлошо што може да направите е постојано да ги истакнувате зашто на тој начин и партнерот најпосле ќе почне така да ве доживува. Истото важи и за сексапилот. Ако жената не зрачи и нема самодоверба, ни најубавото тело нема да го истакне нејзиниот сексапил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот