Како изгледаат солзите од среќа, тага, сецкање кромид…? (ФОТО)

Еден фотограф се одлучи преку уметноста да го истражи неверојатниот микросвет на солзите, па така тој воочил интересни разлики во нив.

Малку е познато дека солзите можат да се поделат во три групи: основни, рефлексни и емоционални. Иако ни е познато како доаѓа до плачење од овие три причини, она што науката долго не го знаеше е дека овие три вида на солзи, всушност, изгледаат сосема различно. Што е со нивниот состав?

Холандскиот фотограф Морис Микерс одлучи од уметничка перспектива да го истражи ова прашање, па така тој неговиот проект го нарече „Имагинариум на солзите“, кој му овозможи да го запознае овој мистериозен микросвет во моментите на тага, радост, како и некои од секодневните работи при кои доаѓа до спонтано создавање на солзите.

Тој во текот на својта работа и истражување забележал дека различните солзи микроскопски изгледаат сосема поинаку.

„Науката вели дека секоја солза има поинаква вискозност и состав. Сите солзи содржат бројни биолошки супстанци, вклучувајќи и масло, антитела и ензими“, вели Микерс.

Тој својот проект успеал да го спроведе во дело благодарение на своите пријатели, кои сецкале кромид, јаделе лути пиперчиња, гледале во вентилатор и плачеле поради силните (и позитивни и негативни) емоции. Кога солзите започнале да капат, Микерс ги земал со микропипета и ги ставал под микроскоп, а потоа, откако се исушиле, ги фотографирал.

„Структурите набљудувани под микроскоп и на фотографиите се многу кристализирани соли, а околностите во кои солзите се сушат можат да доведат до радикално различни облици и формации – дури и две „психички солзи“ кои имаат идентичен хемиски состав, можат одблиску да изгледаат сосема поинаку“, заклучи Микерс.

РЕЗУЛТАТИ:

Погледнете како изгледаат различните солзи под микроскоп…

Рефлексна солза – Оваа солза е резултат на сецкањето на кромид

Емоционална солза – Солза по намерно предизвикани емотивни реакции

Рефлексна солза: Оваа солза е резултат по јадењето на лута пиперка

Рефлексна солза: Солза по мачкање на капаците со масло на база на ментол

Основна солза: Солза по гледањето во вентилатор одблизу

Рефлексни солзи: Солзи по сецкање на кромид, посипување со бибер и консумирање на лута пиперка

Емоционална солза – Солза по намерно предизвикана емотивна реакција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот