Фото: Pexels / Polina-Tankilevitch

Како да се искористи вишокот храна по Божиќ? Совети за подготовка на јадења од остатоци од месо и колачи

По обилна божиќна гозба, честопати на ни останува куп храна што не можеме да ја изедеме за еден, па дури и за неколку дена.

Ако сакате да избегнете фрлање и да го искористите максимално сè што сте подготвиле, важно е правилно да ја складирате и да ја користите во наредните денови.

Пита од остаток на јагнешко месо

Со неколку едноставни правила, вашата празнична трпеза може да трае и по Божиќ, а оброците можат да добијат сосема нов облик и вкус во второто јадење.

Температура и простор во фрижидерот:

– Идеалната температура за складирање храна е 2-4 степени.

– Не го преполнувајте фрижидерот бидејќи тоа го отежнува циркулацијата на ладниот воздух и го скратува рокот на траење на храната.

– Покријте ја храната, ставете ја во пластични садови или завиткајте ја во алуминиумска фолија за да не поприми мирис од другите јадења и да не се исуши.

Што можете да направите со печено месо

– Исечете го месото на коцки и додадете го во чорби (варива) од грашок, грав или зелка.
– Користете го во сосови – гответе ги парчињата месо неколку минути заедно со сосот.
– Додадете го во пире од компири, тестенини, кускус или ориз.
– Искористете го во сендвичи, ризото или за тортилји.
– Ако имате поголема количини печено месо, отстранете ги кожата и коските и замрзнете го месото.

Можете да направите разни салати од печено пилешко, како што е едноставна салата од пилешко со кикирики и сусам.

Чување колачи и печива

Суви колачи: може да се чуваат до две недели во добро затворени лимени кутии.
Колачи со крем од јајца: чувајте ги во фрижидер, но не подолго од 3-4 дена.
Торти со кори: можете да ги замрзнете во неколку помали делови. Иако ќе изгубат дел од својата свежина, така ќе можете да ги јадете и по празниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот