Како да препознаете квалитетно маслиново масло?

маслиново масло

Ги знаеме здравствените предности на маслиновото масло и секако сакаме да одбереме квалитетен производ за нас. Обично, скапите производи ги изедначуваме со квалитетни, но не мора да значи дека е така. Може да одбереме висококвалитетно маслиново масло кое има пристојна цена, а може и да го „преплатиме“ нетолку квалитетното маслиново масло спакувано во примамлива амбалажа.

Совет бр 1.

Ова е и најважниот совет сугериран од познавачите на маслиново масло: Квалитетното маслиново масло треба да има силна миризба на маслинки и трева, и да е со горчливо вкус.

Совет бр. 2

Маслата на кои не е наведен рокот на траење најчесто долго стојат на полиците, а тоа им го расипува вкусот. По правило, маслиновото масло не треба да биде постаро од една година.

Совет бр 3.

При изборот, одлучете се за маслиново масло на кое е наведена киселост не поголема од 0,5 отсто. Така ќе бидете сигурни дека маслинките се обработени непосредно по бербата.

Совет бр.4

Најголемите непријатели на маслиновото масло се топлината и светлината што предизвикуваат побрзо расипување. Затоа, барајте маслиново масло што е спакувано во темно стаклено шише, а не во пластично. Дома пак, претурете го во мало шишенце и чувајте го во шкафот што подалеку од шпоретот или каков било друг извор на топлина и светлина. Останатиот дел од маслиновото масло сместете го на температура од 14 или 15 степени.

Совет бр.5

Најквалитетните маслинови масла кај нас доаѓаат од Грција и од Италија, сега и Хрватска (Ако најдете некое од Истра, не двоумете се). Ако купувате грчко или италијанско маслиново масло, проверете на етикетата дали тоа навистина е произведено во Италија, односно во Грција. Се случува под етикетата да „стојат“ други земји .

Совет бр.6

Пластиката е штетна за чување на маслиновото масло. Па во изборот на квалитетно маслиново масло, може да тргнете токму оттука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот