Како да откриете носител на ковид-19 кој нема видливи симптоми

Profimedia

Кај младите луѓе што немаат типични симптоми на заразата со коронавирус се појавуваат некои промени на кои треба да внимавате.

Клиничките манифестации на ковид-19 во последно време се сè помалку изразени или целосно отсутни кај децата и кај адолесцентите. Овие личности заразени со коронавирус се нарекуваат асимптоматски случаи.

За разлика од вообичаените симптоми – температура, кашлање, треска, губење на сетилото за вкус и мирис, овие инфицирани луѓе речиси немаат никакви знаци на болеста, барем не воочливи на прв поглед.

Американска студија се занимавала со случајот на тројца млади пациенти со лезии слични на смрзнатини во кои била дијагностицирана тешка зараза со ковид-19.

Двајца од нив немале други симптоми, но биле преносители на болеста.

Лезиите (промени) на кожата, какви што се еритематозен осип, уртикарија и акни што личат на сипаници се појавиле кај 18 од 88 пациенти заразени од ковид-19, во претходна студија.

Овие симптоми се развиле на почетокот на инфекцијата со коронавирусот или во текот на престојувањето во болница и немале никаква врска со тежината на клиничката слика.

Во случајот на горенаведените тројца пациенти, промените на кожата ги зафатиле екстремитетите, особено стапалата. Прво се појавиле во вид на виолетови дамки што полека преминале во пурпурни лезии, а потоа во пликови и улцеронекротични промени на кожата, за конечно повторно да се вратат во „нормалната“ состојба. Чешањето исто така било една од промените на кожата.

Кај 14-годишно момче заразено со коронавирус на нозете се појавиле чиреви. Промените исчезнале во наредните седум дена.

Заклучокот на научниците е дека кај младите луѓе што немаат типични симптоми на инфекцијата со коронавирус во поголем број од случаите се појавуваат промени на кожата, но секако ова треба подетално да се испита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот