ФОТО | Како ангелите на Викторија Сикрет го освоија светот на шоу-бизнисот
Вечерва се враќа еден од најгламурозните настани во светот на модата – модното шоу на Викторија Сикрет. Спектаклот од пистата ќе се пренесува во живо на „Прајм Видео“, „Амазон Лајв“ и на социјалните мрежи на брендот, со почеток во 1 часот по полноќ по средноевропско време.
Препорачано
Ова е второто телевизиско шоу откако брендот повторно го врати настанот по откажувањето во 2019 година, поради контроверзии и пад на гледаноста. Покрај модата, публиката ја очекува и одлична листа на музички ѕвезди.
Што нè очекува?
За музичкиот дел на вечерта ќе се погрижат Мис Елиот, Карол Џи, Медисон Бир и популарната група „Твајс“. Се разбира, во центарот на вниманието ќе бидат ангелите. Оваа година неколку познати лица првпат ќе ги носат крилјата, вклучувајќи ги манекенките Прешис Ли и Јуми Ну, како и ѕвездата Енџел Рис. На пистата се враќаат и Ешли Греам, Анок Јаи и Алекс Консани, а ќе им се придружат и големи имиња како Џиџи Хадид, Барбара Палвин и Стела Максвел.
Но, тие не се единствените ветерани кои ќе прошетаат на пистата. Љубителите на шоуто ќе се израдуваат на повторната појава на долгогодишните ангели, меѓу кои се Лили Олдриџ, Адријана Лима, Џуан Смолс, Кендис Сванапул, Александра Амбросио и други.
Ве потсетуваме како започнаа кариерите на некои од најголемите ѕвезди, ангелите на Викторија Сикрет
Тајра Бенкс
Тајра Бенкс испиша историја во средината на 90-тите кога првпат се појави на модното шоу на Викторија Сикрет.
По повлекувањето од пистата во 2005, Тајра започна успешна ТВ кариера, вклучувајќи ги емисиите „America’s Next Top Model“, „Dancing With the Stars,“ како и нејзиниот сопствен бренд на сладолед. Мајка е на синот Јорк, и ќе се врати на сцената на Викторија Сикрет за да го затвори шоуто вечерва.
View this post on Instagram
Жизел Бундхен
Жизел потпиша петгодишен договор со Викторија Сикрет во 2000 година вреден 25 милиони долари.
Се задржа со брендот до 2007 година. Се повлече од пистата во 2015 за да се посвети на семејството со Том Брејди. Во 2025 стана мајка по третпат, овојпат со момчето Жоаким Валенте.
View this post on Instagram
Хајди Клум
Хајди првпат се појави на шоуто во 1997 година.
По 13 години, се збогува со пистата во 2010. Продолжи како ТВ водителка, вклучувајќи се во проектите како „Project Runway“ и „America’s Got Talent“. Денес е во брак за музичарот Том Каулиц и ја поддржува новата ера на Викторија Сикрет.
Адријана Лима
Пред да стане ангел, Адријана сакала да биде калуѓерка.
Неочекувано, во 1999 започнува со Викторија Сикрет.
„Со брендот сум од тинејџерка до мајка. Се чувствувам ценето,“ рече таа. Повторно се врати на пистата во 2024 и ќе настапи и во 2025.
View this post on Instagram
Александра Амбросио
Александра дебитираше во 2000 година. Подоцна стана заштитно лице на линијата „Pink“, а потоа доби и ангажман како Ангел.
Се пензионираше во 2017, но се врати во 2024. Настапот во 2025 ќе ѝ биде 19-ти по ред.
View this post on Instagram
Миранда Кер
Првпат настапи во 2006 година. Веќе следната стана првата Австралијка со договор како ангел.
Во 2013 се повлече од пистата за да се посвети на синот Флин и своите бизниси. Денес има четири деца со сопругот Еван Шпигел и сопствен бренд за козметика.
„Тоа беа прекрасни времиња, но сега сум мајка на четири сина и мојот живот има поинаква насока,“ изјави таа поткастот од 2024.
View this post on Instagram


