Фото: Фејсбук

Кај нас нема ништо од забраната за социјални мрежи за деца под 15 години, Андоновски е загрижен за правата и слободите

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска изјави дека Владата не размислува да го забрани пристапот до социјалните мрежи за децата до 15 години, по примерот на Австралија и повеќе европски држави. Андоновски оценува дека таквиот потег би бил „премногу радикален“ и би значел „мешање на државата во основните права и слободи“.

„Забележавме петиции и во Македонија. Јас дадов еден коментар. Ние минатата година, во рамките на овој проект, во сите училишта претставивме начин на контрола преку кој родителите може да контролираат кои апликации нивните деца може да ги имаат на своите мобилни телефони и другите уреди, колку време може да поминат со нив и кои содржини смеат или не да ги следат. Сметавме дека ова е начин да ги превенираме опасностите од Интернетот, а контролата да ја задржат родителите, а да не ја преземе државата. Тоа е контролата на алатки кои се исклучително приватни. Ги користат родители, деца и би било мешање на државата во домашните работи на секое семејство“, изјави министерот за дигитална трансформација.

Андоновски сепак остави простор, доколку има зголемен интерес од родителите и доколку постои „зголемен страв“, да се отвори дискусија за тие прашања. Во тој контекст, Андоновски рече дека може да се направи јавна расправа и анкета за да се види какви се интересот и размислувањето на родителите.

„Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Така, отвораме врата за државата утре да си дозволи да забранува и тоа да биде спротивно на слободата на говорот, спротивно на слободата на изразување, зашто државата решила дека некаква алатка треба да забрани. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола“, додаде министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот