Цигари,тутун,пушење - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Кафеанџиите сè уште се договараат како да реагираат на најавениот антипушачки закон

Туристичко-угостителската комора деновиве ќе соопшти свои предлози и барања, велат од Комората откако беше најавен ригорозен нов закон за заштита од пушењето, кој бездруго ќе го засегне угостителството.

„Во однос на новите предлог мерки за пушење ние како ТУК заедно со нашите членки деновиве градиме став во врска со новите предлог решенија. Во најкраток можен рок ќе излеземе со свои предлози, размислувања и барања“, велат од Туристичко-угостителската комора.

Оттаму не кажаа децидно ниту дали ќе иницираат средба со надлежните, наведувајќи дека тоа ќе го сторат „доколку има потреба“.

Според предлог-законот, кој наскоро ќе оди на јавна дебата, пушењето ќе биде дозволено на летните тераси од угостителските објекти, но само ако тие се отворени од три страни. Предвидени се и драконски казни за прекршителите, кои ќе мора да платат до 5.000 евра, а локалот може и да им биде затворен од пазарните инспектори.

Со овој закон Македонија влегува во групата земји со најригорозни закони за заштита од пушење. Слични решенија има и во земјите од ЕУ – Хрватска, Словенија, соседна Грција, додека во моментов во тек е носење на слично строг закон и во Србија и во Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот