Кадетките пропуштија шанса за реми против Италија – Слободен печат
РакометСпорт

Кадетките пропуштија шанса за реми против Италија

Македонија за жал со минимален пораз го отвори ЕХФ шампионатот (У17) во Италија. Домаќинот беше подобар од нашите кадетки со резултат 24:23.

Уште од самиот старт италијанските ракометарки покажаа подобра реализација и веднаш се одлепија плус пет позитива, 8:3.

До крајот на првото полувреме успеавме нешто да намалиме од негативата, најпрвин со прекрасно свртување пикерот Ивана Џатевска погоди, потоа голманот Грујовска имаше две одбрани. Тоа во напад беше наградено, нововлезената Ана Марија Коларовска успеа во нејзин стил да ја мине одбраната и да погоди потоа стрелаше Јанкуловска за 13:11.

Во второто полувреме повторно Италија имаше плус пет на семафорот, 17:12 во 34.минута. Но при 19:15, повторно се врати добрата игра на нашите ракометарки.

Со серија погодоци, но и блесок на Јована Трајкоска која имаше две клучни одбрани, за потоа од пенал да реализира најрасположената во нашите редови, Седлоска за нерешени 23:23.

Во последните минути влеговме со минимална негатива 24:23, успеавме да обезбедиме напад за израмнување подолг од 40 секунди, доволно барем за бод. Во првиот обид блокот по ударот на Седлоска исфрли во корнер, а во следниот обид истиот играч поради притисокот од немањето време шутна брзоплето, што беше лесен цел за противничката одбрана да блокира.

Симона Грујовска имаше 10 одбрани, а во листата на стрелците најефикасна беше Седлоска со девет голови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close