Кадетите со половичен ефект на стартот од Медитеранските игри

Македонската ракометна репрезентација до 18 години денеска прво загубија од Шпанија со 14:21, а потоа го совладаа Мароко со 21:17.

На Медитеранските игри во Атина се игра по поинакви правила, наместо стандардните две полувремиња по 30 минути, се играат три третини по 15 минути.

Одлучувачки момент за победата на кадетите втората четвртина која ја добија со 8:3 и предноста ја одржуваа до крајот на натпреварот.

Покрај системот на игра, на Игрите во Атина сменето е и бодувањето, секој победник во третина добива по еден бод, а победникот на мечот добива два бода, што значи дека Македонија моментно има четири бода, колку што освои во вториот натпревар.
Нареден противник на Македнија е селекцијата на Тунис, меч кој ќе се одигра утре во 12 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот