Кадетите најдобри на турнирот во Бугарија
Новата кадетска репрезентација на Македонија предводена од Данило Брестовац го освои првото место на турнирот во Бугарија.
Во својот последен натпревар, одигран денеска, нашите репрезентативци славеа убедлива победа над екипата на Пирин со резултат 35:26 (17:12).
На ова се надоврза и победата на Романија над Бугарија, па Македонија на крајот заврши како прва, со две победи и едно реми.
Претходно нашите ракометни надежи ремизираа со Бугарија 25:25, а триумфираа над Романија (26:22).
За селекторот Брестовац, овој турнир стана прв филтер во формирањето на кадетската селекција на Македонија, која в година во Скопје ќе биде домаќин на Европското кадетско првенство – дивизија Б.