Каде „исчезна“ Лукаку, не е на пат за Милано?

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го избра почетниот состав за дуелот против Перт Глори во предсезонската турнеја: Ромеро, Далот, Туанзебе, Џонс, Јанг (капитен), Андреас, Матиќ, Чонг, Лингард, Џејмс, Марсијал.

На резервната клупа е Погба, а освен тој се и Де Геа, Переира, Рохо, Шо, Смолинг, Ван-Бисака, Гарнер, Гомес, Мата, Мектоминеј, Гринвуд и Решфорд.

Се поставува прашањето каде е Ромелу Лукаку? Тој летово се поврзува со трансфер во редовите на Интер, а воедно не е тајна дека преговараат две екипи.

Едни шпекулираат дека Белгиецот веќе е на пат за Милано, но менаџерот Солксјер има едноставно објаснување, како и за отсуството на Бејли, Линделоф и Грент.

– Лукаку, Бејли, Линделоф и Грент се во ред, имаат само помали проблеми и денеска нема да настапат. Веројатно ќе бидат на терен в среда – вели Солскјер.

„Неро-аѕурите“ веќе испратиле понуда за белгискиот интернационалец, а од друга страна „црвените ѓаволи“ не сакаат да слушнат за бројка помала од 85 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот