Јужнокорејците почнаа да јадат пржени чепкалки за заби, властите ги молат да се откажат од трендот
Здравствено предупредување од Министерството за храна на Јужна Кореја ги повика луѓето да не јадат пржени чепкалки за заби направени од скроб во форма на помфрит, откако оваа практика стана вирална на социјалните мрежи.
Препорачано
Видео клиповите на кои се гледа како луѓето консумираат чепкалки за заби со пржени скроб со зачини како што е сирењето во прав, собраа илјадници лајкови и споделувања на ТикТок и Инстаграм, пренесува Ројтерс.
„Нивната безбедност како храна не е потврдена“, соопшти Министерството за безбедност на храна и лекови во објавата на платформата Икс, порано позната како Твитер. „Ве молам, не ги јадете“.
Видеата од чепкалките, санитарен производ, како се пржат во масло и се јадат станаа вирални, додаваат тие.
여러분 저 녹말이쑤시개 튀겨먹고
블로그 써서 방송탐 ㅋㅋㅋㅋㅋㅋㅋ
블로그 시작 10일만에 일어난일 pic.twitter.com/2kBV4R9caI— (그냥 배츗츄) (@hee_2458) January 21, 2024
Бојата за храна се користи за да се даде зелена нијанса на чепкалките за заби, направени од сладок компир или пченкарен скроб, кои се сметаат за еколошки и биоразградливи. Тие често се користат во рестораните во Јужна Кореја.
Емисиите каде луѓето се снимаат како јадат, познати како „макбенг“ се популарни во Јужна Кореја. „Многу е крцкаво“, вели еден корисник на ТикТок.


