Јужнокореецот Сеук Гун Ким е новото засилување на ФК Вардар
Денеска фудбалскиот клуб Вардар ја информираше јавноста дека нов играч на екипата е Сеук Гун Ким кој доаѓа од Јужна Кореја. Има 22 години, игра на позицијата лево крило и доаѓа од кипарската екипа на Акритас.
Во текот на изминатата полусезона имаше вкупно 11 настапи и два пати се запиша во листата на стрелците.
Играчите на тренерот Горазд Михаилов се подготвуваат за новата сезона, а покрај тренинзите, формата ќе се темпира и со одигрување на пријателски натпревари.
На 23 јули скопските „црвено-црни“ ќе тестираат против актуелниот и повеќекратен шампион на Хрватска, Динамо Загреб на 23 јули на стадионот „Максимир“ од 19.00 часот.
А на 27 јули од 12.00 часот на стадионот „Пингау Фридберг“ во Австрија составот на Вардар ќе игра контрролен меч со Свонси, десеткратен освојувач на купот на Велс, актуелен член на Англиската Чемпионшип лига и првиот велшки клуб кој во 2011 заиграл во Премиер лигата.