Јужна Албанија гори, побарана помош од Грција

Коха Јоне

Грчкиот медиум „Прототема“ јавува денеска дека голем пожар избувнал во југот на Албанија, во Саранда, Делвина и Ѓирокастра, а расположивите сили не можат да го контролираат. Па затоа, грчките пожарникари, кои веќе се справувале со пожари во неколку фронтови во северна Грција, се подготвуваат за трансфер во Албанија.

Во последните 48 часа пожарот што се рашири во Делвина, и се заканува на областа “Сино око”. Албанските локални власти се обратија до грчкиот конзулат во Ѓирокастра во средата попладне за да побараат помош од Грција со копнени и воздушни сили.

По комуникацијата со грчкото Министерство за надворешни работи и во рамките на билатералните договори со Албанија, противпожарната служба на Епир добила препораки да подготви сили и да ги испрати за дејствување во Делвина. На ова патување тргнале пет возила со по тројца членови на екипажот и двајца офицери.

Сепак, пожарот во Албанија зеде неконтролирани димензии во област каде се наоѓаат многу стари нафтени бунари, пренесува Која Јоне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот