Јувентус нема пари ама има план, со четири размени прави тим за титула во ЛШ

Коронавирусот им направи проблеми на сите екипи, а исклучок не се ниту најголемите фудбалски клубови кои не можат да се расфрлаат со пари.

Меѓу нив е и Јувентус кој веќе подготви план за летниот преоден рок. „Старата дама“ не може да се расфрла со пари, но затоа направи план како да дојде до посакуваните играчи, со размени.

Според медиумите во Италија, директорот на Јувентус, Паратичи планира да направи четири размени, од кои две се реални, додека последните две нема шанси да се реализираат доколку не понуди далеку поквалитетни фудбалери.

Првата „трампа“ е позната, Миралем Пјаниќ се согласи да се пресели во Барселона, но од друга страна Бразилецот Артур Мело нема намера да си оди од „Камп Ноу“, и засега владее неизвеност кога ќе се реализира оваа размена. Барселона е поготвена наместо Артур да го понуди Иван Ракитиќ но прашање е дали ќе се согласи Јувентус.

Втората размена и поизвесна и постои желба кај двете екипи да се реализира. Алекс Сандро ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Челси, а во спротивен правец ќе замине миленикот на Маурицио Сари, Жоргињо.

Третата „трампа“ е нереална бидејќи главен противник е тренерот Сари како и голамата плата на Пол Погба. Значи, Јуевнтус сака да ги понуди Арон Ремзи и Адриен Рабио во замена за Пол Погба, но актуелниот играч на Манчестер јунајтед ќе мора да се согласи со намалување на платата, а исто така и неговиот агент, Мино Рајола ќе мора да остане без планираната провизија.

Четвртата идеја на директорот Паратичи е најнереална. „Старата дама“ замената за напаѓачот Гонзало Игуаин да биде екстра квалитетна и изборот падна на Габриел Жезус, а во замена го нуди Даглас Кошта. Но, проблемот е што Манчестер сити има доволно пари и во време на кризата и нема шанси да се откаже од бразилскиот напаѓач доколку на неговата сметка не легнат најмалку 90 милиони евра, менаџерот Пеп Гвардиола не го интересираат играчи, туку само пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот