Јувентус и Барселона ќе прават двојна размена

фото:твитер

Доколку се реализира размената и двете екипи ќе бидат задоволни.

По неколкумесечни натегања и преговори, се чини дека Барселона и Интер се наоѓаат пред двојна размена. Првата работа е веќе завршена, Јувентус е заинтересиран за 19-годишниот напаѓач Алехандро Маркеш, кој настапува за вториот тим на Барселона.

Иако Маркеш е роден во Венецуела тој насапува за младата шпанска репрезентацијата. „Старата дама“ за возврат на „Камп Ноу“ ќе го испрати талентираниот Матијас Переира кој моментно настапува во Дижон како позајмен играч.

Втората размена која се очекува да се реализира до крајот на месецот се очекува да биде „бомбастична“. Иван Ракитиќ наводно се согласил да ја напушти Барселона и да се пресели во Јувентус во замена за италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески.

твитер

Ракитиќ го загуби местото во првиот тим на каталонците од Френки де Јонг, а слична е состојбата и со Бернардески кој од Маурицио Сари речиси и да не добива можност да игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот