Јувентус е сериозен за ангажманот на напаѓачот на Аталанта, нуди 80 милиони евра

Дуван Запата/EPA-EFE/SIMONE VENEZIA

Дуван Запата ова лето може да ја промени средината и да потпише за „старата дама“.

Екипата на Јувентус се наоѓа пред освојување на нова шампионска титула во Серија А, на четири кола до крајот има пет бода предност, а управата веќе размислува како да ја засили екипата за новата сезона.

Една од позициите кои челниците на Јувентус е позицијата на напаѓач каде Гонзало Игуаин на лето си заминува, а изборот падна на еден од најдобрите играчи на Аталанта, Дуван Запата. Колумбискиот репрезентативец е најдобар стрелец на Аталанта со 17 гола и неговите игри не останаа незабележани од големите екипи, а се чини најконкретен е токму Јувентус.

Спортскиот директор на „старата дама“ Фабио Паратичи наводно е подготвен на Аталанта да и понуди дури 80 милиони евра за Запата.

Претходно „Кориере дело Спорт“ објави дека Јувентус понуди 30 милиони евра плус двајца играчи од кои едниот е голманот Марија Перин, но изгледа дека „старата дама“ го зголеми влогот со цел да победи во трката за одличниот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот