Јункер: Кина има влијание врз Србија бидејки ЕУ се покажа неспособна

Фото: МИА

Недостаток на солидарноста меѓу членките на ЕУ може да го искористат популистичкие сили, пред се оние во Италија, наведува Јункер

Кина во сегашната криза околу пандемијата на коронавирусот видливо  и помогна на Италија и уште на неколку држави членки на ЕУ.  Но, Кина досега упати огромна помош и за држави кои не се членки на Уијата , како што е Србија, каде ЕУ не успеа да ги исполни своите обрвски, оцени поранешниот претседтаел на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Според Јункер, Кина и Русија би можеле да ја искористат слабоста на Европа и да го зголемат своето влијание врз европските и балканските држави,. Пекинг не ја крие својата амбиција  да влијае врз развојот на европските економии, и оттаму се надева дека ќе извлече некакв корист од актуелнава состојба, изјави Јункер.

Поранешнот претседател на Европската комисија, смета дека договорениот пакет од 500 милијарди евра за помош на европските економии, усвоен од министрите за финансии на ЕУ, како и фактот дека состојбата со епидемијата се подобрува, ќе ги намали првичните надежи и амбиции на Кина и Русија да ги реализираат своите намери.

Јункер апелира дека е нужно ЕУ да го зголеми заедничкиот буџет како би можела поефикасно да се справи со општествените, социјалните и економските последици од пандемијата, притоа давајки и целосна подршка на неговата наследничка на функцијата, актуелниот претседедател на ЕК, Урсула фон дер Лејен.

Тој оекува  дека државите членки на унијата ќе успеат да се договорат околу спорното воведување на вредносните ,,еврообврзници”, со кои европските членки ќе можат да се задолжуваат со ниски трошоци на пазарот на капитал, и така солидарно да ги покrијат трошоците за економско- општественото опоравување  од пандемијата.

Недостаток на солидарноста меѓу членките на ЕУ може да го искористат популистичкие сили, пред се оние во Италија, наведува Јункер,

,,Демагошките и популистички политичари можат да извлечат корист доколку некои од членките на северот на Унијата проолжат да ги критикуваат државите од југот на ЕУ”, вели Јункер, алудирајки на обвинувањата на Холандија дека Италија и Шпанија не преземаат нипто да ги заживеат своите економии од последиците на коронавирусот.

На холандската јавност треба да и се објасни дека европските обврзници не значат  прелевање на долговите од едни на други држави членки, туку се работи за идни временски и наменски ограничени задолжувања за санирање на штетите од коронавирусот, порача поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот