Јуниорите го освоија 16 место на Европското кошаркарско првенство дивизија „Б“

фото: kfsm.mk

Во својот последен натпревар на Европското првенство дивизија „Б“ во Матошинос, Португалија, македонската јуниорска кошаркарска репрезентација „Под 18“ загуби од Украина во натпреварот за 15 позиција.

Париравме само во првата четвртина, иако не блескавме ни во почетните 10 минути, на крајот имавме поен предност (24:23). Но, за жал, тоа беше се од нашиот јуниорски тим во последниот меч на шампионатот кој го завршуваме со пласман на 16 место.

Особено добра игра Украинците прикажаа во вториот период, во кој направија предност од 14 поени (26:12), која ја задржаа до крајот на дуелот.

Потполно израмнето се играше во второто полувреме, но доволно Украина да биде една позиција повисоко во однос на Македонија на ова ЕП.

За нашата селекција Величковски реализираше 17 поени, Стојковиќ забележа двоен ефект, изразен со 14 поени и 12 скокови, додека Трајанов беше стрелец на 13 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот