Јунајтед и Арсенал ги поделија поените, без победник на „Олд трафорд“

Фото: Премиер лига/Твитер

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал ги поделија поените на „Олд трафорд“, во дербито од седмото коло на англиската Премиер лига со резултат од 1:1.

Натпреварот го одбележаа многу груби стартови, па судијата Кевин Френд покажа дури шест жолти картони од кои четири на домашните играчи.

Јунајтед прв дојде до предност преку убав гол на Мек Томинеј, а израмнувањето стигна во 58. минута преку гол на Аубамејанг, кој ја искористи грешката на Туанзебе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот