Јунајтед го има првото засилување во новата сезона!?

фото: твитер

Се очекува Нигериецот на еден месец пред истекот на позајмицата, на последниот ден на мај потпише договор со клубот од „Олд Трафорд“.

Манчестер јунајтед нема никаква дилема, веќе ги информираше Кинезите дека ќе го откупи договорот на Одион Игало. Како што известува „Дејли Мејл“, Јунајтед ќе го откупи договорот на Игало (од Шангај Шенхуа) за 15 милиони фунти.

Се очекува Нигериецот на еден месец пред истекот на позајмицата, на последниот ден на мај потпише договор со клубот од „Олд Трафорд“. Шангај бара околу 18 милиони евра за играчот, што премиерлигашот се очекува да ги плати, воедно Игало е подготвен да прифати да игра за помала плата со цел да остане во Премиер лигата.

Поранешниот играч на Ватфорд во Азија има огромни 17 милиони евра по сезона, додека Јунајтед му плаќаше нешто помалку од половината на тој договор.

Сумата би можела да биде слична, околу седум милиони евра годишно во договорот на Игало, што исто така значи откажување од големи пари за да остане во Европа.

Норвешкиот менаџер Оле Гунар Солксјер ќе има помалку грижи, африканскиот напаѓач кој додека како замена за повредениот Маркус Решфорд, одигра осум натпревари, стартер на три, постигна четири голови и запиша една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот