ЈП „Лајка“: За една недела девет улични кучиња си најдоа дом

Во периодот од 17 до 23 овој месец, екипите на јавното претпријатие заловиле дванаесет улични кучиња, четири кучиња биле стерилизирани, пет кастрирани, осум вратени на локацијата од која биле заловени, девет вдомени, едно куче вратено кај сопствениците а две кучиња донесени од страна на граѓани во нивните простории.

Интересот за вдомување на улични кучиња постојано расте. Според податоците добиени од ЈП „Лајка“ за само една недела, тие успеале да посредуваат во вдомувањето на дури девет улични кучиња кои сега се згрижени и уживаат со своите сопственици.

Според извештајот за работењето на ова јавно претпријатие, во периодот од 17 до 23 овој месец, нивните екипи заловиле дванаесет улични кучиња, четири кучиња биле стерилизирани, пет кастрирани, осум вратени на локацијата од која биле заловени, девет вдомени, едно куче вратено кај сопствениците а две кучиња донесени од страна на граѓани во нивните простории.

Според податоците добиени од ЈП „Лајка“ во рамките на неделниот извештај, меѓу другото се вели и дека, во периодот од 17 до 23 овој месец, немало ниту едно угинато ниту пак евтаназирано улично куче.

Во обид да се вдомат што е можно повеќе кучиња, од ЈП „Лајка“ на сите заинтересирани вдомувачи на кучиња им организираат и средби со вдомувачите и кучињата најчесто се одвиваат во паркот за миленици.

Средбите со вдомувачите и кучињата во прифатилиштето на Лајка претставуваат подеднакво емотивен момент како за вдомувачите, така и за кучињата кои се запознаваат со своето потенцијално семејство. Искрени спонтани емоции на радост, задоволство и љубов се секојдневна пракса на овие средби кои се важен дел од постапката за вдомување. Средбите најчесто се одвиваат во паркот за миленици каде кучињата се чуствуваат најслободно и самоуверено, а каде вдомувачите најдобро можат да ја запознаат нивната вистинска природа и остварат контакт преку взаемна интеракција. За таа цел просторот е соодветно уреден со различни реквизити и играчки за забава и дружење – информираат од ЈП „Лајка“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот