ВИДЕО | Јовановиќ: Владата треба да биде поенергична во инвестициите за зелена енергија

Инфлацијата во Македонија како и во скоро сите други земји во светот е во пораст. Она што е важно да се разбере е дека е пост кризна појава. Тоа не е нешто што треба премногу да загрижува, затоа што растото на цените сега се должи на две главни причини – првата е што цената на нафтата на меѓународните пазари има голем пораст, лани поради пандемијата беше многу ниска, втората причина е растот на цените на храната на глобалните пазари и е нешто што е од минлива природа. Оваа инфлација што сега ја гледаме, според сите економисти е само привремена, односно минлива. Се очекува овој бран до крајот на годината да помине. Се разбира треба да се следи состојбата и доколку растот на цените надмине 10% можеби треба да се преземат некои мерки, но во овој момент тоа не е потребно. Постои едно правило кога е монетарнат аполитка во прашање, а тоа е дека таа требад да гледа во иднината, што ќе се случува за неколку месеци, а не да реагира на тоа што се случува денеска, изјави во Утрински брифинг, проф. д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

-Првиот квартал од годината беше лош и нема дилема дека годинава почнува лошо на економски план во Македонија и тоа е различно за скоро сите други светски земји. Во моментов се прават проекции за економскиот раст за оваа година. Генерално трендот е дека проекциите се ревидираат нагоре, однсоно очекувањата се дека економнската состојба ќе биде подобра од она што се очекуваше. Остварувањата во првите неколку месеци во светот се подобри од она што се очкуваше. Македонија е разлика од сите тие земји, затоа што кај нас состојбата во првиот квартал е полоша од она што се очекуваше. Од една страна имаше голем бран на пандемијата, огранучувања, луѓето не се движеа, помалку трошеа, но тоа го имаше во другите земји. Разликата е што во другите земји Владите трошеа, а во Македонија не трошеа. Ако го земете буџетското остварување во првите пет месеци, капиталните инвестиции, тие се потрошени само 22% од она што треба да биде потрошено, вели Јовановиќ и додава дека Вадата не ја дава поддршката на економијата што вети дека ќе ја даде.

-Она што е најзагрижувачки е дека ова е повторување на она што се случуваше лани во овој период. Лани кога беше првиот бран на пандемијата Владата не трошеше доволно и затоа имавме толкав пад во вториот квартал. Така што истата грешка се повторува владата не троши доволно за да ја поддржи економијата. Она што е можеби позитивно е што најави Владата со новиот ребаланс дека ќе го зголеми трошењето па сега дефицитот го проектира на 6.5% наместо 5% и капиталните инвестиции ги ппокачува за 27%, што ако се оствари е добро. Но она што е резрва е дека шансите за тоа да се оствари се многу мали – додава Јовановиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот