Јотиќ: По секоја цена мора да го победиме Елверум!

epa08748771 Vardar's Lovro Jotic (R) in action against Flensburg's Simon Hald Jensen (L) during the men's handball EHF Champions League Group Phase match between HC Vardar 1961 and SG Flensburg-Handewitt in Skopje, Republic of North Macedonia, 15 October 2020. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар 1961 ќе го има в недела со почеток од 16.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ против Елверум од Норвешка.

Токму овој дуел е шанса за „црвено-црните“ да го избегнат барем дното во групата „А“ каде што се на осмото место со три бода, еден помалку од Елверум.

Своите очекувања во пресрет на овој дуел ги споделува ракометарот на македонската екипа, Ловро Јотиќ:

– Дефинитивно натпревар кој мора да го добиеме по секоја цена и на следниот меч со нив. Овие мечеви се клучни да освоиме бодови. Против Пик Сегед заслуживме барем бод, игравме два одлични натпревари, но паднавме во последните 10 минути и не успеавме да се вратиме, во Сегед проблемот беше на почетокот од вториот дел.

Мислам дека многу растеме како тим, дека тоа изгледа многу подобро отколку пред два месеци, играме навистина добро. Иако Пик Сегед беше фаворит, мислам дека доста ги намачивме. Очекувам добар натпревар против Елверум кој применува поразличен ракомет, Норвежаните трчаат многу повеќе, но со наша добра одбрана не би требало да ни прават проблеми како Сегед кој има многу поискусни играчи од норвешката екипа – вели Јотиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот