Јончевски: Со позитивна атмосфера и енергија да се обидеме да ја вратиме Македонија на ЕП

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски/фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија со денешниот собир ги започна подготовките за претквалификациите за ЕП 2025 година под водство на новиот селектор, Александар Јончевски.

Јончевски го наследи Драган Бајиќ кој го напушти селекторското столче откако првата рунда д квалификациите за пласман на СП 2023 доживеа шест порази во шесте натпревари.

– Добив повик од канцеларијата на Федерацијата да бидам новиот селектор на репрезентацијата, а тој повик не се одбива и доаѓа можеби еднаш во кариерата. Да се биде селектор е чест, но и голема одговорност да се предводи овој тим во квалификациите за Европското првенство. Имаме нешто повеќе од две недели да се подготвиме за двомечот со Данска, а потоа следи Словачка на домашен терен. Се надевам дека ќе успееме да направиме една позитивна атмосфера и енергија, нешто што ја красеше оваа репрезентација со години наназад и една атмосфера која го донесе најголемиот успех во 2011 година на ЕП. Нормално, пласман на едно ЕП по пауза од десет години би бил успех за оваа репрезентација – потенцира Јончевски.

Првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Маврово пред почетокот на подготовеки чија прва фаза ќе биде реализирана во Маврово.

– Ќе работиме една недела во Маврово, доволна да се поминат базичните подготовки. Нема да бидеме комплетни поради повреди и одговори кои ќе ги добиеме подоцна. Ни следи еден натпревар против Црна Гора, со оглед на тоа што во септември следи ЕП, не можевме да најдеме повеќе ривали за контролни натпревари. На овој дуел се надевам дека ќе видиме работи кои ќе може да ги искористиме со Данска и Словачка и тоа во комплетен состав – вели новиот селектор на кошаркарите.

Македонија се наоѓа во група со Данска, Норвешка и Словачка, противници по мерка според Јончевски.

– Можеби групата делува неатрактивно, со Норвешка, Данска и Словачка, но ни влева голема надеж дека ќе го освоиме првото место кое единствено води во следната рунда. Норвешка и Данска како скандинавски земји вложуваат доста во кошарката и самото тоа дека нивните селекции во младинските категории се во А-дивизијата, а не можеме ние да се пофалиме со тоа, дава за право дека групата е тешка. Со Словачка игравме двапати во скоро време и во турнирски систем имавме победа од 20, но и пораз од скоро 20 разлика. Ниедна селекција нема квалитет со кој ќе отскокнува, туку моменталната атмосфера и мотивација ќе го реши победникот на овој натпревар.

На поширокиот список се најдоа имиња на неколку играчи кои беа дел од националниот тим и во некои претходни квалификациски циклуси, но и имињата на играчи имитар Пандев кој ги чека своите први минути во сениорската репрезетација.

– Години наназад ги пратам сите селекции на репрезентацијата на Македонија, овој пат повик добија Пандев, Миловановиќ и Савиќевиќ, играчи кои заслужија еден ваков потег и се ќе зависи од нив дали ќе останат во ростерот од 12 играчи кој и понатаму ќе се натпреварува. Оние кои добиле повик во минатото, а не сега, сакам да потенцирам дека не сме се откажале од нив, дека го пратиме нивниот развој и дека во иднина ќе сметаме на нив – вели Јончевски.

 

Видео на денот