Јончевски по поразот од Израел: Скокот ни останува примарен проблем

фото: kfsm.mk

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација го загуби првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за Олимпијадата во Париз. Подобри од нашите, беа кошаркарите на Израел убедливо со 65:86.

Селекторот на нашиот национален тим, Александар Јончевски потенцира дека „на површината“ излегле проблемите со кои се соочивме и во текот на подготовките, не баш долгата ротација во која се вклучени и некои млади кошаркари, како и скок-играта.

Отсуството на голем број стандардни репрезентативци доведе во ротација уште во првата четвртина да влезат играчи кои за прв пат го носат дресот. Во понатамошниот дел од натпреварот, шанса добија сите, а се со цел да сочуваме сили за утрешниот натпревар со Естонија.

Повторно се провлекува скокот, како примарен проблем каде што Израел, само во првото полувреме постигна дури 16 поени од т.н. „втора шанса“. Немаме многу време да се навраќаме на овој натпревар. Веќе утре играме со домаќинот кој на денешниот меч со Чешка покажа дека е конкурент за следната фаза. Секако, не сме се откажале. Ќе ја гледаме нашата шанса да покажеме борбена игра која би можела да ни донесе позитивен исход – вели Јончевски.

Вториот натпревар во Талин ќе го одиграме в недела од 18.00 часот против домаќинот Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот