Јончевски: Мора да ги запреме Мек Фејден и Шермандини

Алексанадр Јончевски и Бојан Крстевски/ фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија утревечер ги продолжува настапите во квалификациите за пласман на СП 2023 година и во СЦ „Борис Трајковски“ (20 ч.) игра против Грузија.
Кошаркарите ќе имаат можност да го поправат впечатокот од последниот натпревар, кога во четвртокот во Тбилиси загубија токму од Грузија со убедливи 91:70.

– При анализата на натпреварот штo го одигравме во Тбилиси, забележавме многу работи што можеме да ги поправиме. Работевме на моментот да ги запреме нивните најдобри играчи Мекфејден и Шермадини, но не успеавме и ќе се обидеме тоа да го направиме во Скопје – вели асистентот на селектор Драган Бајиќ, Александар Јончевски кој ја водеше репрезентацијата во Тбилиси.

Поради неповолниот здравствен билтен, извесно е дека до пред почетокот на натпреварот нема да бидат познати дванаесетте кошаркари кои утревечер ќе се обидат да дојдат до првата победа во квалификациите.

– Имавме најави дека на утрешниот натпревар ќе се вратат неколку важни репрезентативци како Димитријевиќ, Мекиќ, Ѓуроски… но освен Димитријевиќ кој е присутен на тренинзите, сè уште не можеме да сметаме на останатите“ – појаснува Јончевски.

Последните тренинг-сесии ќе бидат искористени за уште подобра подготовка, но и за анализа.

– Денешните тренинзи ќе ги искористиме за подетална анализа и спроведување на тактичките замисли за тоа што нè очекува в недела. Мислам дека шансите не се загубени, бидејќи со подобра игра од онаа во четвртокот, како и со триумф против Украина во јуни, можеме да се надеваме на пласман во следната фаза од квалификациите- вели Јончевски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот