Јончевски го објави поширокиот список за натпреварите против Естонија и Полска

фото: kfsm.mk

Во првиот круг од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025, најдобрата македонска кошаркарска репрезентација ја чекаат првите натпревари против селекциите на Естонија и Полска.

Селекторот на нашите најдобри кошаркари, Александар Јончевски го објави поширокиот список на кошаркари кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“, прв од квалификациите за следното ЕП.

На 23 февруари, во скопје, ја дочекуваме репрезентацијата на Естонија, а три дена подоцна, на 26 февруари, следува гостување во Полска.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ

Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
Војдан Стојановски – МЗТ С.А.
Дамјан Стојановски – МЗТ С.А.
Андреј Магдевски – Пелистер
Адем Мекиќ – Задар, Хрватска

Стојан Ѓуроски – Работнички
Андреј Маслинко – Пелистер
Теодор Симиќ – Борац Бања Лука, БиХ
Бојан Крстевски – МЗТ С.А.
Кристијан Николов – Капакли Спор, Турција

Дамјан Робев – МЗТ С.А.
Виктор Ефремовски – Работнички
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Андоноски – МЗТ С.А.
Бобан Стајиќ – Работнички

Резард Мемед – КБ Или, Косово
Амар Хот – Пелистер
Андреј Шошкиќ – Работнички
Марин Петков – МЗТ С.А.

Марко Миловановиќ – МЗТ С.А.
Андреј Митревски – Феникс 2010
Виктор Ташовски – ТФТ
Ти Џеј Шортс – Париз, Франција
Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот