Фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Јокиќ со нов трипл-дабл за 22 минути, испиша историја во НБА лигата, а еден податок покажува колку е доминантен

Кошаркарите на Денвер беа поразени од Чикаго булс во НБА лигата и го забележаа својот трет пораз од почетокот на сезоната – 130:127.

Во Колорадо видовме одличен натпревар, а во кој повторно одлични перформанси имаше српскиот центар на Нагетс, Никола Јокиќ.

Србинот ги поместува границите од ден на ден, од меч во меч. Сега, по само 22 минути игра, запиша нов трипл-дабл учинок, на крајот завршувајќи го натпреварот со 36 поени, 18 скока и 13 асистенции.

На овој начин, Јокиќ стигна до својот осми трипл-дабл во 13 одиграни натпревари, а кога ќе се погледне листата на играчи кои ги исполниле трите статистички колони оваа сезона, следните тројца играчи заедно имаат вкупно седум.

Воедно, Јокиќ го надмина и легендарниот Вилт Чемберлен, како втор играч во историјата на НБА по најмногу натпревари со најмалку 30 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот