Јелена Антиќ: Се надевам на подобри денови за македонската женска кошарка

Фото: КФСМ

Јелена Антиќ, како што вели, конечно заигра за нашата најдобра женска селекција. Низа на непредвидени работи, ситуации, едноставно ја „тргнаа“ од репрезентативниот дрес во годините кои се зад нас. Но во овој „прозорец“, а и во оној ноемврискиот, ја тргна таа „неправда“ од „дневниот ред“ и успеа да спои неколку игри во дресот со националните обележја.

Се враќа за момент за она што се случуваше на дуелот со сината Бегија:

„Голема чест беше да играме против една репрезентација како белгиската, една од најдобрите во Европа, па и во светот. Ова ќе биде големо искуство и за нашите млади кошаркарки кои имаа можност да видат како е да се стигне до врвот на овој кошаркарски ранг.

Мислам дека дадовме максимум иако можеби не делуваше така на теренот. Свесни сме каде е нашата кошарка во однос на противникот, неколку наши играчи во странство, другите се во домашното првенство каде немаат многу квалитетни натпревари. Јас лично сум среќна што се вратив во репрезентацијата по подолго време и се надевам дека со ова, ќе придонесеме македонската кошарка квалитетно да се подобри“.

И уште едно потенцирање, дека поради некомплетноста, останува жал,да се проценат реалните можности на нашиот женски сениорски национален тим:

„Жалам што никогаш не сме биле комплетни и сметам дека ако играме во полн состав, заедно со натурализиран кошаркар, би можеле да бидеме покомпетитивни во овие квалификациски циклуси. Натпреварот против БиХ ни претставуваше големо задоволство, сите веруваме во победата, прикажавме солидна игра и го остваривме посакуваното.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот