Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Јавноста повторно ги подгреа гласините: Дали Мишел и Барак Обама се разведуваат?

Повторно се појавија шпекулациите за можен развод на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

Шпекулациите повторно ги подгреа фактот дека Мишел не присуствуваше на погребот на поранешниот претседател Џими Картер на 9 јануари 2025 година, како и најавата дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари, пишува „Дејли мејл“.

„Поранешната прва дама Мишел Обама нема да присуствува на претстојната инаугурација“, изјавија од Канцеларијата на Барак и Мишел Обама за „Асошиетед прес“ оваа недела.

Нејзиното отсуство предизвика бројни шпекулации за можни брачни проблеми. Иако беше потврдено дека Барак Обама ќе присуствува на инаугурацијата, јавноста и медиумите немаа официјални информации за причините за отсутноста на Мишел.

Оваа ситуација предизвика дебата на социјалните мрежи и во медиумите.

„Јас викам, Обама се разведуваат“, напиша едно лице.

Друг објави: „Развод на Обама нема да биде во моите предвидувања за 2025 година, но може да се случи“.

Еден тврдеше: „Таа и Обама се на аут!! Се разведуваат!!! Таа не сака да биде околу него!!!’

„Звучи како разводот од Обама е на повидок, сите го видовме, тие престануваат да присуствуваат на функции заедно“, напиша друг.

Иако низ годините одвреме навреме во медиумите се појавуваа гласини за брачни несогласувања на оваа двојка, тие сѐ уште се заедно, а јавно истакнаа дека поминале низ тешки периоди со меѓусебно разбирање и поддршка.

Мишел Обама неколку пати отворено зборуваше за предизвиците во нејзиниот брак, спомнувајќи ги притисоците кои ги носат кариерата и родителството, но и нагласи како тие двајца успешно ги надминале овие пречки.

Сепак, ниту Барак, ниту Мишел не ги коментирале овие најнови гласини кои уште еднаш покренаа прашања за нивниот брак.

Двојката се запознала во 1989 година додека Мишел работела како ментор во адвокатската канцеларија Сидли Остин, каде Барак бил практикант. Тие се венчаа во 1992 година и имаат две ќерки, Малија и Саша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот