Андреј Ковачев, бугарски европратеник/Фото: Архива на СП

Јавно да се објават бугарските државјанства на Македонците, повика европратеникот Ковачев

Во Македонија има над 180.000 граѓани со бугарски пасоши и уште 20 илјади се во процес на обработка, вели Ковачев

Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев, инсистирал на итно усвојување на промените во Законот за бугарско државјанство за време на дискусија со бугарските новинари во Брисел.

Тој вели дека сегашниот закон за бугарско државјанство е нелогичен и не функционира за легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Ковачев повика преку медиумите дека Законот мора итно да се промени.

„Законот во моментов е нелогичен. Законот за бугарско државјанство мора многу итно да се промени, а сега ќе ве замолам да го пренесете до сите членови на бугарскиот Парламент и до министерот за правда“ рекол Ковачев.

Нацрт-законот предвидува дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство да станат јавни и да биде очигледно дека се идентификувале како етнички Бугари. Ова, според Ковачев, ќе потврди и колку е голема бугарската заедница во Република Северна Македонија, кои имаат бугарски документи за идентификација.

„Јавен регистар во Министерството за правда со ограничен број податоци за името и местото на живеење на засегнатото лице, кое побарало бугарско државјанство и го добило. Тие се речиси над 170-180 илјади во однос на Македонија, а во моментов веројатно има над 15-20 илјади кои се обработуваат. Вие самите дојдовте доброволно и сте кажале: „Еве, бабо, дедо, тие се Бугари. Еве ги документите дека биле во егзархијата, во војската, во бугарското училиште. Јас потпишав декларација дека се чувствувам како етнички Бугарин и врз основа на ова добивам бугарско државјанство“, навел европратеникот во изјава за бугарските медиуми за процесот на добивање на бугарски документи, објави БНТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот