Јавниот обвинител Рајчев вели дека не го познава сопствениот на „ДоказМ“ и најави тужба

Фото: МИА

Сметам дека денешното барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите кои што тој ги објавуваше секојдневно и кои што се предмет на оваа кривична постапка, изјави јавниот обвинител Сашо Рајчев по денешното барање за негово иземање од случајот „ДоказМ“ во Апелациониот суд Скопје.

Според Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“, кој побара иземање, јавниот обвинител Рајчев соработувал со него на дел од предметите за кој што му се суди, додека обвинителот ги отфрли овие наводи како невистини.

Обвинителот Рајчев изјави дека воопшто не го познава Стаменковски.

-Ниту го познавам обвинетиот Маријан Доказ, ниту сум имал контакти лични и какви било, ниту сум имал каква било комуникација, така што наводите од негова страна изнесени денеска на денешната седница ги отфрлам како целосно невистинити коишто ги документирав со писмена изјава која што ја доставив до обвинителството и сметам дека денеска даденото барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите коишто тој ги објавуваше секојдневно и коишто се предмет на оваа кривична постапка, изјави тој.

Во врска со прашањето дали ќе поднесе тужба, имајќи предвид дека тврдењата на обвинетиот Марјан Стаменковски може да се сметаат како клевета, тој одговори потврдно.

-Земав записник од денеска изнесените невистини против мене и тие невистини кои што упатуваат на клевета согласно позитивните прописи претставуваат основ за поднесување на тужба. Така што, да ги прочитам убаво и во скоро време ќе биде тоа изреагирано, рече тој.

Денешната седница во Апелациониот суд Скопје беше одложена за 19 мај поради барање за иземање на јавниот обвинител Сашо Рајчев од случајот „ДоказМ“. За барањето за иземање ќе одлучува јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот