Џеси Бакли и Пол Мескал / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | „Јас или мачките“: Џеси Бакли предизвика реакции откако го откри улитматумот кој му го поставила на својот сопруг

Гостувајќи на поткастот „Среќен тажен збунет“ (Happy Sad Confused) со нејзиниот колега од „Хамнет“ (Hamnet), Пол Мескал, во ноември, глумицата Џеси Бакли призна дека го натерала својот сопруг, Фреди Соренсен, да се ослободи од неговите две мачки на почетокот на нивната врска.

Џеси Бакли ги освои критичарите и филмските гледачи со нејзината потресна изведба во „Хамнет“, но нејзините коментари во интервјуто пред три месеци добиваат нова критика како што сезоната на награди се ближи кон крајот.

„Мачките се злобни. Мојот сопруг, кога почнавме да се гледаме, имаше две мачки… ова е лошо… Една од мачките беше, како, педигре модел. И таа организираше државен удар против мене. Кога се враќав дома, имаше измет на мојата перница“, вели Бакли.

На крајот, Бакли му дала ултиматум на Соренсен, за кој се пошегува дека сега може да биде критикувана.

„Јас бев на ставот: ‘Јас или мачките’. Но, јас победив! Извинете“, додава Бакли.

Мескал се чинеше дека ги поддржува постапките на неговата колешка.

Исечок од забелешките на Бакли предизвика мноштво поларизирани реакции откако беше објавен на „Редит“ оваа недела.

Многумина тврдат дека ирската глумица ги гледа домашните миленици како обични „додатоци“ и дека кажувањето на партнерот да се ослободи од своите животни е слично на тоа да го замолите „да се преобрати во религија за вас“. Други, пак сметаат дека ставот на Бакли би бил оправдан ако таа има алергии или други сериозни проблеми што би го отежнале поседувањето домашни миленици.

Освен помалку поволните толкувања на мачките, Бакли е фаворит за освојување на Оскар за најдобра актерка за нејзиното толкување на сопругата на Вилијам Шекспир, Агнес (или Ен) Хатавеј, во „Хамнет“. Таа веќе доби Златен глобус, БАФТА награда и други награди за нејзината изведба.

Режирана од Клое Жао, оваа драма ги следи Хатавеј и Шекспир (Мескал) додека тие тагуваат по смртта на нивниот 11-годишен син, Хамнет, за кој некои веруваат дека можеби го инспирирал трагичниот драмски текст „Хамлет“.

ФОТО | Џеси Бакли ја расплака легендарната Емили Вотсон: „Твојата нежност ми беше водилка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот