Џеси Бакли: JIM RUYMEN / UPI / Profimedia

ФОТО | Џеси Бакли ја расплака легендарната Емили Вотсон: „Твојата нежност ми беше водилка“

Џеси Бакли упати емотивни зборови до колешката од серијата „Хамнет“, Емили Вотсон на доделувањето на „Actor Awards“ во Лос Анџелес. При примањето на наградата за најдобра актерка за серијата „Хамнет“, Бакли рече дека сака да одвои момент за да се обрати на сите неверојатни и инспиративни лица пред себе.

– Многу луѓе во оваа просторија ме променија. Пристапот кон работата со срце и тоа што стоиш покрај пријателите кои покажуваат дека имаат срце е одличен начин да се живее животот – рече таа.

Џеси Бакли: JIM RUYMEN / UPI / Profimedia

Потоа, Бакли го насочи целото внимание кон Вотсон, која ја нарече неверојатна пријателка со која работела.

– Тие сцени со тебе во „Хамнет“, ќе ги памтам до крајот на животот. Твојата имагинација, храбра женственост, нежност ми беа водилка. Најдобриот совет што секогаш ми го даваш е да се враќам кон тоа да бидам човек. Го сакам и ценам тоа што сум дел од оваа заедница – рече таа.

По овие зборови, Вотсон, која седеше во публиката, се расплака. Меѓу другите номинирани во оваа категорија беа Роуз Бајрн за филмот „Да имав нозе, ќе те шутнев“, Кејт Хадсон за „Сонг Сунг Блу“, Чејс Инфинити за „Една битка по друга“ и Ема Стоун за „Бугонија“.

Бакли ја доби наградата за улогата на Агнес, сопруга на Вилијам Шекспир, кого го игра Пол Мескал во „Хамнет“, кој имаше премиера во 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот