Јапонски метод против мрзливост: Доволна ви е само 1 минута дневно!

„Од понеделник започнам нов живот, ќе одам во теретана, ќе вежбам јога, ќе правам склекови“ – секој од нас повремено поставува некои цели и не ги постигнува, ги пренесува во наредниот месец, за неколку месеци, за цела година.

Понекогаш, со голема волја и желба започнуваме да го правиме она што сме го замислиле, но вежбањето, да речеме, во теретана 3 дена во неделата по неколку часа, го запоставуваме на долго времеЗошто се случува ова? Бидејќи товарот е голем, затоа што ни здосадува, а и навиката се уште не е развиена.

Кајџен метода или принцип 1 минута

Постои јапонски метод наречен кајџен односно 1-минутен принцип.

Суштината на овој метод се состои во тоа секој човек секој ден да се занимава со една конкретна работа точно 1 минута, но буквално секој ден во исто време.

1 минута време – тоа е сосема малку, затоа е лесно изводливо за секоја личност. Запомнете – Мрзеливоста не стои на вашиот пат. Тие исти работи што не сте сакале да ги правите половина час, измислувајќи изговори и оправдувања, лесно ќе ги направите за 1 минута.

Скокање со јаже, правење стомачни, правење вежби за очите, вежбање јога, читање книга на странски јазик, било што – кога времето е ограничено на една минута, работите не изгледаат тешко да се направат, но тие секако носат радост и задоволство. А, со правење на мали чекори, станувате совршени и постигнувате одлични резултати.

Ја победувате несигурноста, се ослободувате од чувството на вина и беспомошност, чувствувате успех и слобода.

Инспирирани од чувството за успех, постепено ги зголемувате едноминутните вежби на пет минути и така натаму. Потоа, незабележливо ќе стигнете до получасовните вежби.

Напредокот е очигледен!

Кајџен потекнува од Јапонија. За луѓето од западната култура, овој метод може да изгледа неефикасен, затоа што постои засновано верување на Западот дека добрите резултати не можат да се постигнат без многу напор. Сепак, големите програми, кои трошат многу сила и енергија, можат да скршат некоја личност и таа да биде без резултати.

Принципот Кајџен одговара на сите, и може да се примени во многу сфери на животот.

На пример, Јапонците користат стратегија за постепено и континуирано унапредување на полето на менаџментот.

Се што останува е да започнете со примена на методот кајџен, според вашите потреби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот