Јапонската актерка од хорор филмот „Ring“ пронајдена мртва во домот

40-годишната јапонска актерка Јуко Такеучи е пронајдена мртва во својот стан во Токио. Полицијата покрена истрага, а според пишувањето на медиумите, оваа наградувана актерка, мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.

Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер – Таики Накабајаши, а докторите во болницата можеле само да ја констатираат смртта, пренесува BBC.

Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а најмногу ја познаваа по улогата во познатиот јапонски хорор филм „Ring“ од 1998 година. Светска популарност стекна играјќи во серијата „Miss Sherlock“ во продукција на HBO.

Иако се уште не е официјално потврдено дали актерката си го одземала животот, ова е само еден од многубројните случаеви на самоубиства на познатите, талентирани луѓе во Јапонија.

Прочитајте и...  ФОТО: Ќерката на актерот Алек Болдвин повика на гласање со топлес фотографии

На почетокот на овој месец самоубиство изврши и познатата јапонска актерка Сеи Ашина, а во јули актерот Харума Миура и боречката ѕвезда Хана Кимура во мај, наведува BBC.

Јапонија ја има една од највисоките стапки на самоубиства во светот, иако најновите податоци покажуваат дека бројката бележи пад откако се преземени превентивни мерки во 2015 година, соопшти Светската здравствена организација.

Поврзани вести

Како Старите Грци се справувале со депресијата и со анксиозноста

Слободен печат

Научниците открија колку долго коронавирусот се задржува на кожата

Слободен печат

Дневен хороскоп за 24 октомври 2020: На Јарецот нема да му недостига страст, а Бикот конечно ќе мрдне од мртвата точка

Слободен Печат

ВИЦ НА ДЕНОТ: Мерки

Слободен печат

ФОТО: Ќерката на актерот Алек Болдвин повика на гласање со топлес фотографии

Слободен Печат

Бијонсе изгледа неверојатно во новата кампања за спортска облека во соработка со „Adidas“

Слободен Печат

Остави Коментар