Јапонска фармацевтска компанија: Ивермектин покажува „антивирусно дејство“ против ковид

Ивермектин/ Фото Sandrine Mulas / AFP / Profimedia

Јапонската фармацевтска компанија Кова денеска објави дека ивермектин, лекот против паразити, има „антивирусен ефект“ против омикрон и другите варијанти на коронавирусот, пренесува Ројтерс. Тврдењето се заснова на неклиничко истражување, соопшти агенцијата.

Кова спроведе истражување за ивермектин како потенцијален третман за ковид-19 во соработка со Универзитетот во Токио Китасато, но освен тврдењето за „антивирусен ефект“, не беа објавени дополнителни детали. Според Ројтерс, клиничките испитувања сè уште се во тек.

Промоцијата на ивермектин како лек за ковид-19 предизвикува контроверзии во јавноста веќе некое време. Џо Роган, водител на најпопуларниот подкаст во светот, кој исто така е скептичен за вакцините, предизвика бурни реакции во јавноста минатата година кога рече дека се лекува од ковид со ивермектин, лек за паразити што се користи кај животните.

ФДА: Не користете ветеринарски лекови против Ковид, не сте коњи

ФДА, СЗО, ЕМА предупредиja да не користи ивермектин како лек против ковид

Ивермектинот инаку, не е одобрен за третман на ковид-19 во Јапонија, а Американската Регулаторна агенција за лекови (ФДА), Светската здравствена организација, Европската агенција за лекови (ЕМА) и Мерк, компанија која произведува ивермектин, ги предупредија луѓето да не да се користи за лекување на ковид поради недостаток на научни докази за неговата ефикасност против оваа болест.

Според инструкциите објавени во септември 2021 година на веб-страницата на ФДА, американската агенција наведува дека е забележано зголемување на интересот за ивермектин во контекст на третманот со ковид-19 кај луѓето, додавајќи дека добиле повеќе извештаи од пациенти кои бараат медицинска помош по земање на ивермектин.

ФДА: Не користете ветеринарски лекови против Ковид, не сте коњи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот