Јапонија го одобри лекот барицитиниб за лекување на ковид-19

Барицитиниб, што се продава под брендот Olumiant, во моментов се администрира кај пациенти со ревматоиден артритис или атопија. КОВИД-19 пациентите со умерени до тешки симптоми ќе добиваат една доза на ден од лекот, јавуваат јапонските медиуми.

Министерството за здравство на Јапонија ја одобри употребата на барицитиниб, ревматоиден лек, за лекување на пациенти со КОВИД-19.

Тоа е трет лек одобрен за употреба против вирусот во земјата по ремдесивир и дексаметазон.

Барицитиниб, што се продава под брендот Olumiant, во моментов се администрира кај пациенти со ревматоиден артритис или атопија. КОВИД-19 пациентите со умерени до тешки симптоми ќе добиваат една доза на ден од лекот, јавуваат јапонските медиуми.

При клиничкиот тест, употребата на барицитиниб, заедно со ремдесивир, довело до побрзо закрепнување на пациентите со КОВИД-19 и ја намалило стапката на смртност кај нив.

Американската компанија Eli Lilly Japan K.K. аплицирала за одобрување на барицитиниб во декември, откако лекот е одобрен за итна употреба во САД во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот