Јанкуловски: Независниот синдикат не успеа да ги покачи платите – Дебата треба, но не со оние кои плукаат и дикредитираат (ВИДЕО)

Со огромно мнозинство ректорската управа го распиша огласот за избор на ректори и тоа во времетраење од 5 работни дена. За некој кој што има сериозна визија за универзитетот и е професионалец мислам дека не е пречка да се пријави, изјави рекоторот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, на зачестените напади околу изборот на ректор на УКИМ.

-Се уште не знам кој се ќе биде кандидат. Сигурно на дебата не би излегол со некој кој што континуирано ме напаѓа и плука. Јас во принцип не сум против дебати, но само доколку се конструктивни., Сите оние кои се залагаа да биде траењето на конкурсот 30 или 40 дена во своите размислувања не беа контруктивни, бидејќи доколку се пробијат роковите тоа нема да води кон добро, бидејќи би се дошло до крајно непопуларна ситуација да се постави вд ректор. Јас со ништо нема да можам да бидам амнестиран доколку некој ме прозве зошто не сум успеал во законски рок да овозможам избор на нов ректор, изјави Јанкуловски.

Тиј додава дека постоечките синдикати немаат ништо направено за време на своето постоење околу покачувањето на платите на вработените во УКИМ.

-Независниот синдикат не успеа да ги покачи платите, па дури ни оние 10% не ги добивме. Јас секогаш сум за дијалог и соработка, но од самиот почеток видовте колку сум напаѓан и колку се обидуваат да ми наштетат на угледот и работата. Јас како ректор треба да се грижам за благостојбата на вработените. Кога се прави колективниот договор тој се прави помеѓу синдикатот и основачот, во случајот Собранието, вели Јанкуловски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот