Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина за „Титаник“

Протуѓер, Јанкуловска, Јанакиевски / Колаж: СП, Фото: СП. архива
Протуѓер, Јанкуловска, Јанакиевски / Колаж: СП, Фото: СП. архива

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска, екс министерот Миле Јанакиески, како и поранешниот генерален секретар на Владата, Мартин Протуѓер, на денешното рочиште за случајот „Титаник“, признале вина. Јанкулоска признала вина за три дела. Протуѓер и Јанакиески признаа за речиси сите освен за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања.

Судењето за овој случај неодамна се врати од почеток, и затоа и по четири години судење, обвинетите повторно добија шанса да се изјаснат за вина. За нив постапката се раздвојува, по што ќе следуваат завршни зборови и пресуда.

Судењето пак продолжува за останатите, во фаза на доказна постапка.

Во случајот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се гонат за повеќе дела, како злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал.

Се очекува денеска да продолжи судењето и доказната постапка за осуммината кои признаа вина, додека за останатите обвинети кои не се чувствуваат виновни, меѓу кои Никола Груевски, Илија Димовски, Билјана Бришковска-Бошковски, Кирил Божиновски и останатите, судењето продолжува на 9 март.

Дума и Кондарко повторно сведочеа во „Титаник 2″

Видео на денот