Дума и Кондарко повторно сведочеа во „Титаник 2″

Кривичен суд / Фото: МИА

Повторното судење за случајот „Титаник 2″ денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи со сослушување на сведоци. Свое повторно сведочење пред судечкиот совет предводен од судијата Огнен Ставрев, имаше и поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Виолета Дума (прво сведочење август 2018 година). Исто така, сведочеа и актуелниот член на ДИК, Борис Кондарко, и портапоролот Адмир Шабани.

Дума и Кондарко, во својство на сведоци беа сослушани и во август 2018 година.

Судењето за „Титаник 2″ се води против претседателот на ДПА, Менду Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибрами, против екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и против три поранешни членови на ДИК.

Постапка за овој случај произлезе од „бомбите” објавени од СДСМ, а обвинението е застапувано од поранешниот специјален јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите учествувале во изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот