Jaни Атанасов/ФФМ

Јани Атанасов: Против БиХ одиме да се надигруваме и да победиме

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за натпреварите против БиХ и Турција, а пред овие дуели изјава даде фудбалерот Јани Атанасов.

Дуелите се од пријателски карактер, меѓутоа како што вели Атанасов, тоа не е важно кога се игра за Македонија.

„Кога доаѓаме во репрезентацијата на Македонија, не постојат пријателски натпревари. Тука сме да го дадеме максимумот и да покажеме дека заслужено го носиме македонскиот дрес“, истакна македонскиот репрезентативец Јани Атанасов.

Верува и дека новите имиња имаат квалитет да се докажат.

„Верувам дека селекторот ги избрал вистинските фудбалери. И ние пред неколку години дојдовме како нови играчи, дадовме сè од себе и се надевам дека сите заедно ќе продолжиме да туркаме кон големи успеси“, додаде тој.

Против БиХ посакува победа, иако е свесен дека станува збор за квалитетна репрезентација.

„Босна и Херцеговина покажа квалитет и одигра одлични квалификации. Станува збор за силна и квалитетна репрезентација, но ние одиме да се надигруваме и да се подготвиме за победа”, порача Атанасов.

ФОТО | Седлоски ги собра фудбалерите за натпреварите со БиХ и Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот