Јанакиески тврди дека нема вина за „27 април” и не го познава „Нинџа”

Фото: Слободен печат

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинет како еден од организаторите на насилните настани  на 27 април 2017 година, денеска во судот кажа дека нема вина за случувањата во Собранието и оти не го познавал Александар Василевски – Нинџа.

– Во период 2016-2017 година не сум извршувал никаква државна функција. Од мај 2015 година не сум извршувал била каква државна функција. Лицето Александар Василевски – Нинџа одговорно тврдам дека прв пат во живо го видов во оваа сала кога сведочеше, тоа беше прват со тоа лице да бидам во една просторија. Од мене има 45 илјади незаконски прислушувани разговори. Јас сум нелегално најприслушуваното лице во државата. Листинзите се достапни на обвинителството и ниту еднаш со ова лице не сум разговарал или разменил порака, рече Јанакиески.

Ваквите тврдења, како што посочи, е подготвен да ги потврди и на полиграф пред целата јавност.

– Дека Александар Василевски – Нинџа не ја говори вистината сведочеа и актуелниот претседател на Владата, поранешен претседател на државата и многу други функционери. Јас за овој немил настан кој никогаш не смее да се повтори, пред Бог, пред себеси и најважно пред моето семејство сум чист и со ништо не сум придонесел да се случат немилите настани на 27 април, рече Јанакиески.

За контактите со поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјаноски, кажа дека ги имал во време кога бил министер за транспорт и врски, само службено.

– Тој период и сега најголемиот дел од денот го поминувам во контакт со адвокати во разговори за креирање на мојата одбрана. На 27 април требаше да дадам исказ во обвинителство за случајот ,,ТНТ”. Од 2015 година сум под мерки, а веќе 2 години и 8 месеци сум во притвор. Лесно е да се утврди со кој сум имал контакт, кажа Јанакиески на денешното рочиште за „Организаторите на 27 април” во Кривичниот суд Скопје.

Пред него, исказ даде и поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, коиј, исто таке е е еден од обвинетите. И тој кажа дека нема врска со случувањата во Соранието на 27 април и оти исказот на Александар Василевски – Нинџа, што се однесува до него е невистинит.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението на денешното рочиште е обвинителката е Катерина Коларовска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот