Јакобсен не ја потценува Македонија: Првиот натпревар на секој турнир е чуден
Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, не ја потценува Македонија пред натпреварот кој ќе го играме против Данците в петок од 20:30 часот.
Препорачано
Искусниот дански стратег нагласи дека почетокот на секој голем турнир носи одредена доза на неизвесност, без оглед на квалитетот на ривалот.
„Првиот натпревар секогаш е малку чуден, затоа што допрва влегуваш во турнирот и го бараш вистинскиот ритам“, порача Јакобсен.
Дополнителен адут за Данска ќе биде и атмосферата во Хернинг, каде што се очекува силна поддршка од домашната публика, што селекторот го гледа како сериозна предност.
„Имаме искуство од вакви ситуации, а 15.000 дански навивачи сигурно ќе ни помогнат многу“, истакна тој.
Јакобсен не бега од улогата на фаворит, но подвлече дека таквиот статус може да биде и стапица ако не се пристапи максимално сериозно, особено против млада и амбициозна репрезентација како македонската.
„Македонците имаат млад тим. Ние сме големи фаворити и тоа го знаеме, но првиот натпревар секогаш е посебен. Влегуваме свесни за тоа што треба да го направиме. Знаеме дека за титулата ќе ни бидат потребни девет победи, а првата започнува во петок“, потенцира данскиот селектор.
Покрај Данска, Македонија во групата ќе ги одмери и силите со селекциите на Португалија и Романија.
ВИДЕОАНКЕТА: Што очекуваат граѓаните од македонската ракометна репрезентација на ЕП 2026?
Миркуловски: Сите знаат колку е силна Данска, нема да калкулираме


