„ЈАКО“ ја продолжува соработката со Фудбалската репрезентација на Македонија

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ЈАКО“ останува партнер на Фудбалската репрезентација на Македонија и во иднина, објавено е денеска на социјалните мрежи.

„ЈАКО“, која е една од најпознатите германски компании за спортска опрема ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со Фудбалската репрезентација на Македонија до 2025 година.

– ЈАКО ја продолжува соработката со Фудбалската репрезентација на Македонија до 2025 година. Размислувајќи за незаборавните моменти од нашето патување, вклучувајќи го и нашето присуство на Евро 2020 и епскиот триумф над Италија во плеј-офот во 2022 година. Ви претстојат уште победи и незаборавни спомени – стои во објавата на „Jako Macedonia“ на Фејсбук.

Инаку националните фудбалски селекции на Македонија носат опрема од „ЈАКО“ од 2014 година.

По завршувањето на квалификациите за Европското првенство 2024, нашата најдобра репрезентација закажа пријателски натпревар против Хрватска на 3 јуни во Риека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот